Силен земјотрес од Грција, почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 6.9 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван претпладнево со епицентар во Егејското Море, на 18 километри јужно од грчкиот град Камариотиса.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, предизвикал материјална штета во градот Лемнос, а едно лице е повредено.
Земјотресот бил почувствуван и во Македонија, а посебно ги вознемирил жителите на Струмица, Гевгелија и другите погранични региони кон соседна Грција.
Освен нив, потресот се почувствувал во Јордан, Израел, Турција и палестинските територии.
Слично
