Силен земјотрес на Јадранот: Се тресеше Истра
Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер е регистриран во северниот дел од Јадранското море околу 12:56 часот, а истиот е почувствуван на западниот брег на Истра.
Според евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 53 километри северно од италијанскиот град Римини и 46 километри источно-северо-источно од Равена.
Хрватската сеизмолошка служба го карактеризираше земјотресот како „доста силен“, наведувајќи дека неговиот интензитет во епицентарот бил V-Vi степени ЕМС.
Слично
