Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес ја потресе Атина

Силен земјотрес ја потресе Атина

Силен земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтер, ја погоди утринава Атина, тој бил проследен со бројни потреси, најголемите од кои биле со сила односно 3.8 и 3.3 степени по Рихтер регистриран во 5.31 часот по локално време, соопштуваат грчките медиуми.

Земјотресот во 4.09 часот бил на 77 километри северозападно од Атина и на 26 километри северозападно од Халкида. Земјотресот со јачина од 5,3 степени по Рихтер бил на длабочина 13 километри.

Во моментов не нема информации за жртви и причинета материјална штета. Грчките сенизмолози сепак се воздржуваат да направат конечни заклучоци.

Според жители на Халкида потресот бил со големо времетраење и бил почувствуван силно, бидејќи неговиот епицентар се наоѓал само на 26 километри од градот.

Медиумите објавиле уште дека во 01.20 часот по полноќ земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во реонот на островот Крит.

Слично

Поврзани вести