Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА - тресењето било толку јако што се испаничиле и на плажите

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА - тресењето било толку јако што се испаничиле и на плажите

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција.

Според првата снимка на Геодинамичкиот институт во Атина, земјотресот се случил во 20:34 часот, а неговиот епицентар се наоѓа на 10 километри југозападно од Андравида.

Фокусната длабочина на земјотресот била 14,1 км.

Потресот особено бил почувствуван во Илија, Ахаја и Закинтос.

Корисниците на социјалната мрежа „Х“ коментираат дека тресењето било толку силно, што било забележливо дури и на плажите.

„Некаде таму имаше 4.8 пред малку. Добро го слушнавме на плажата каде што сме“.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести