Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес го разбуди Пловдив, потресот стигна до Источна Македонија

Силен земјотрес го разбуди Пловдив, потресот стигна до Источна Македонија

Земјотрес го разбуди Пловдив во раните утрински часови околу 01.44 ч по бугарско време. Земјотресот се почувствувал и во соседните градови. Во моментов нема информации за штети и повреди, јавија бугарските медиуми.

Според првичните податоци, потресот бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала а епицентарот е меѓу Пловдив и Асеновград. Длабочината на земјотресот е 2 километри.

Земјотресот е чувствуван и во Софија, во Карџали, па дури и во Македонија според жителите на крајниот Исток и Делчево.

"Беше исклучително силен и ужасен, се слушна бум и куќата се затресе", рекол жител на селото Крумово, што е најблиското место до епицентарот.

Половина час пред земјотресот во Пловдив, земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Тајван.

Слично

Поврзани вести