Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен ветер во Скопје предизвика штети

Силен ветер во Скопје предизвика штети
Силниот ветер што попладнево го зафати Скопје предизвика материјална штета - однесе два покрива, од кои едниот од Основното училиште „Кузман Јосифовски - Питу“ во Пржино, а другиот од куќа во Јурмлери. Покрив бил откорнат и од гаража во Петровец, при што бил оштетен и автомобил марка Цитроен. Освен ова откорнати дрвја имаво Влае, кај црквата Св.Петка и во Идризово. Силниот ветер кој започна да дува попладнево, по 17 часот, предизвика и метеж низ улиците и го отежна движењето на граѓаните. Во воздухот беше забележително присуство на песок и прашина, особено во близина на градилиштата. Фото: Телеграф
Слично

Поврзани вести