Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен старт на годината - Скопски пазар со добивка од речиси 2 милиони евра за три месеци

Силен старт на годината - Скопски пазар со добивка од речиси 2 милиони евра за три месеци

Компанијата Скопски пазар АД Скопје во првите три месеци од 2026 година оствари позитивен финансиски резултат, при што консолидираната нето добивка достигна 114.241.000 денари или околу 1,86 милиони евра, покажуваат неревидираните финансиски податоци објавени на Македонска берза. 

Вкупните консолидирани приходи во периодот јануари – март изнесуваат 240.074.000 денари, односно околу 3,90 милиони евра, додека вкупните расходи се на ниво од 125.833.000 денари или околу 2,05 милиони евра. Оперативните приходи достигнуваат 239.230.000 денари, а оперативните расходи 124.217.000 денари, што резултира со оперативна добивка од 115.013.000 денари или околу 1,87 милиони евра.

Финансиските приходи во кварталот изнесуваат 844.000 денари, додека финансиските расходи се 1.616.000 денари, што има ограничено влијание врз крајниот резултат. Од компанијата наведуваат дека во анализираниот период нема значајни промени во сметководствените политики, што овозможува споредливост со претходните периоди.

Во однос на инвестициите, не се реализирани поголеми вложувања или продажби на средства кои би надминале 30 отсто од вредноста на активата, но има помали вложувања во објекти што се користат за деловни активности. Истовремено, нема значајни промени ниту во кредитната задолженост.

Исплата на дивиденда во првиот квартал не е извршена, а одлуката за распределба на добивката за 2025 година се очекува да биде донесена на редовното годишно собрание во мај 2026 година.

Од Скопски пазар посочуваат дека реализацијата на интерниот план се одвива според предвидената динамика, со очекувања позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, паралелно со нови вложувања во основните средства во зависност од ликвидноста и деловните потреби.

- Групата во периодот за кој известува во најголем дел го реализираше интерниот план со утврдената динамика. Во наредниот период се очекува продолжување на исполнување на планот по утврдената динамика и да се продолжи со вложувања во основните средства согласно потребите и моменталната финансиска ликвидност - се нагласува на крајот од објавата. 

Минатата година исто така беше успешна за Скопски пазар. Компанијата ја заокружи 2025 година со позитивен финансиски резултат, при што консолидираната нето добивка достигна 72 милиони денари или колу 1,17 милиони евра. 

П.О.

Слично

Поврзани вести