СИЛЕН ПАД: За 10% е намален бројот на странски туристи во Турција
Бројот на странските посетители во Турција се намалил за 10% во февруари, што е најголем пад во последните 10 години.
Причината за овој пад се стравувањата за безбедноста во врска со конфликтот во соседна Сирија, како и нападите во последните месеци во главниот град, пренесе Ројтерс.
Во февруари е забележано годишно намалување на бројот на туристите во износ од 10,32%, до 1,24 милиони лица. Ова е најсилниот пад од октомври 2006 година.
Не е исклучено туристичкиот поток да се намали дополнително по последниот напад во Истанбул, пренесуваат агенциите.
Слично
