Сигнал за бомба врати авион на „Туркиш ерлајнс“ во Истанбул
Пилотите на патничкиот авион на турската авиокомпанија „Turkish Airlines“ беа принудени да го прекинат летот од Истанбул за швајцарскиот град Базел и да се вратат во појдовната точка на летот по добиен сигнал дека во авионот може да е поставена експлозивна направа, соопштија турските медиуми.
Во моментот на пораката авионот бил во воздушниот простор на Бугарија.
Ова е втор случај во април на сличен инцидент со турски патнички авион, а претходниот беше од 1 април, како тогаш во машината беше откриен непознат багаж.
Слично
