Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИЕР ќе се бори за работнички права - Зголемена минимална плата и заштита

СИЕР ќе се бори за работнички права - Зголемена минимална плата и заштита

Синдикатот на индустрија, рударство и енергетика на 17-т Конгрес се заложи за зголемување на минималната плата и подобрување на работничките услови. Пецо Ристески, претседателот на СИЕР посочи дека ќе се ангажираат за подбрување на примањата на работниците кои се најниски, не само во Европа туку и во Регионот. 

„Минималната плата да не е пониска од 200 до 300 евра. Погоре може да разговараме, а очекуваме и поддршка од другите синдикатаи во Македонија, иако во минатото имавме други случаи. Овој пат сите ќе застанеме и оваа граница мора  да се помести“, рече Ристески.  

На Конгресот на СИЕР беа усвоение повеќе резолуции за активни промени на работничките услови.

„ Покрај резулуцијата за најниска плата ќе се оди и на скратување на времето на склучување на работни  односи, сега се на 5 години, а наш став ќе е да не е повеќе од 1 до 2 години. Потоа тука се судските процеси од работните односи кои предолго траат и ќе бараме специјално судско одделение кое ќе се бави за пократко да траат судските спорови“, најави Ристески. 

СИЕР ќе бара и поголеми отпремнини во случај на отпуштање на работниците кои се најмалку заштитени откако ќе го загубат работното место. Конгресот избера и нови раководни органи: претседател, генерален секретар, членови на Претседателство, Надзорен одбор и Статутарна комисија.


Слично

Поврзани вести