Сиемсен со видео-обраќање во Македонија: Ќе инвестираме средна двоцифрена бројка
Извршниот директор на „Герешајмер“, Дитмар Сиемсен, денеска имаше видео-обраќање во македонската Влада со кое ја најави инвестицијата во Македонија. При тоа CEO-то на германската компанија рече дека ќе се вложи „средна двоцифрена бројка“ на пари и на среден рок ќе се вработат 400-тини работници.
Наведе дека „Герешајмер“ ќе започне со градба на фабриката во близина на скопскиот аеродором во првата половина на 2019 година, а производството треба да стратува во средината на наредната година.
- Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите, наведе извршниот директор.
Вицепремиерот за еконосмки прашања Кочо Анѓушев рече дека производителот на софистицирана амбалажа за фармацевтската и козметичката индустрија ќе донесе дополнителна вредност за Македонија со тоа што ќе го зголеми знаењето на македонските работници, меѓу кои ќе има и високи профили на инжењери.
