Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Siemens“ отпушта над 200 работници

„Siemens“ отпушта над 200 работници
Над 200 работници ќе отпушта водечкиот светски производител на опрема и делови за автоматска технологија и технологија на погон, „Siemens“ во фабриките во Франција. Минатата есен „Siemens ја започна програмата за штедење од шест милијарди евра, со цел да ја зголеми профитабилноста за 12 проценти во текот на фискалната 2013-2014 година, пренесува АФП. Иако управата на компанијата никогаш точно не ги изнесува податоците за можните социјални последици од мерките за штедење, при претставувањето на планот, сепак, напомена дека таа ќе влијае и на вработените. Во фабриките на „Siemens“ во Франција  работат околу 7.000 работници.
Слично

Поврзани вести