Економија, финансии, бизнис

Контакт

Си заминува Субрата Рој

Си заминува Субрата Рој
По неколку дена престој во Охрид, Субрата Рој си заминува од Македонија. Доаѓањето на индискиот бизнисмен, кој додека во својата земја се товари за финансиски малеверзации, во Македонија беше претставен како голем инвеститор, предизвика бура од ракции во јавноста. За време на посетата, а во друштво на највисокиот државен и политички врв, Субрата Рој посочи дека не се откажува од реализација на проектот за изградба на модерен и луксузен хотелски комплекс на Охридското езеро, а како што потврдија македонските власти, иако не ја посочија вредноста, Рој оставил банкарска гаранција и за купување на агрокомбинатотот Џумајлија. Според планот, тој во Македонија сака да го развива земјоделството и да произведува и извезува млеко и млечни производи. Неговата компанија „Сахара Индија Паривар“, најави инвестиции и во филмската индустрија, со што вкупната сума би се заокружила на една милијарда евра. Бизнисменот синоќа во хотелот „Славија Спектар“ кој го поседува „Сахара“ групацијата, приреди свечен прием со гости како премиерот Никола Груевски, повеќе министри од македонската влада, политичари, претставници на дипломатскиот кор и познати личности од јавноста.
Слично

Поврзани вести