СИ ТРГНАА НАСМЕНИ, СЕ ВРАТИЈА ВО КОВЧЕЗИ: Денес ќе биде погребано брутално убиеното семејство Ѓокиќ, знамињата на пола копје во Алексинац
Таму каде последен пат беа видени живи пред дванаесет дена, во с. Моравац кај Алексинац, во домот на Стојанка Ѓокиќ, донесени се вчера телата на нејзиниот син Горан, снаа Гордана и внука Лидија, кои брутално се убиени на 27 септември , непосредно по излегувањето од оваа куќа.
Тие ќе бидат погребани денеска на локалните гробишта, помеѓу селата Моравац и Житковац, а Општина Алексинац донесе одлука 7 октомври да се прогласи за Ден на жалост.
Тој ден беа испратени со насмевка, десет дена подоцна беа пречекани со крикови и таги, во ковчези. Телата беа донесени со погребни возила на адресата од која кобната ноќ безгрижно се упатија кон својот дом, не ни замислувајќи каков хорор ќе се случи само неколку моменти подоцна.
Членовите на најтесното семејство се собраа во куќата, каде со часови чекаа да бидат предадени телата од Институтот за судска медицина. Пристигнаа нешто пред 15 часот, два кафеави ковчези и еден бел, на Лидија, пренесува Новости.рс
Од куќата на Ѓокиќ плачот одекнува низ речиси напуштените селски улици. Во дворот на баба Стојанка, соседи и познаници дојдоа да искажат сочувство, но и да и помогнат околу погребот.
Телата на брутално ликвидираното семејство беа преземени неколку дена откако беа пронајдени јагленисани во атарот на селото Моравац, бидејќи ДНК анализата беше завршена дури во вторникот со цел да се утврди идентитетот на Лидија Ѓокиќ, чие тело изгорело до непрепознатливост.
извор: новости.рс
Фото: принтскрин видео новости.рс
