СИ ГО ПРАВИ ЛИ СИРОМАШТИЈАТА СВОЕТО: Лебот најчеста намирница на македонската трпеза
Дали сиромаштијата си го прави своето па Македоцните најчесто јадат леб? Ова прашање си го поставуваат граѓаните на социјалните мрежи откако статистиката покажа дека минатата година едно просечно семејство јадело 272,2 килограми леб.
Оваа количина е зголемена ако се споредат податоците од 2016 кога едно домаќинсктво конзумирало 262,2 кг. леб.
Податоците покажуваат дека веднаш зад лебот најчести намирници кои се нашле на една македонска трпеза биле компирите, пиперките и доматите, но и јајцата.
Тропско овошје, лубениците и дињите се конзумирале најмногу од македонските граѓани во однос на овошјето, додека од месото најзастапено на трпезата било пилешкото.
9,6 килограми кафе и какао се пие просечно во едно семејство во земјава а 10 пати повеќе или 26,3 килограми чоколадо и кекс се јадат годишно.
