Си Ен Ен: Македонија во топ пет најлоши економии на светот!
Централна Африканска Република, Иран, Малави, Македонија и Јапонија се топ петтте најлоши економии во светот за 2013 година, според Си-Ен-Ен.
Сите земји по различни параметри ги завземаа непопуларните места. Централна Африканска република има најсилен пад на БДП од 14, 5 %, Малави најнизок БДП по глава на жител од 215 долари, Иран има инфлација од 42,3 %, Македонија невработеност од 30 %, А Јапонија има најголем долг кој изнесува 244% од БДП.
Во објаснувањето за Македонија се вели:
- Македонија втора година по ред е на врвот на листата на невработеност. ММФ предвидува дека речиси една третина од работниците на Македонија ќе бидат без работа оваа година. Но, сепак можни се и олеснувачки околности. Впрочем, се очекува скромен пораст во економијата, која вклучува земјоделие, текстил, автомобилски делови, се вели во текстот.
http://money.cnn.com/gallery/news/economy/2013/12/20/worst-economies/4.html
Слично
