Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИ-ЕН-ЕН: Македонија – единствена земја во светот со невработеност над 30%!

СИ-ЕН-ЕН: Македонија – единствена земја во светот со невработеност над 30%!
„Успеавме да најдеме само една земја на планетава - Македонија, која има стапка на невработеност од над 30% во последните години, според податоците на ММФ“, беше објавено вчера на Си-Ен-Ен, во емисијата „Фарид Закарија ГПС“ што ја води новинарот и автор Фарид Закарија, пренесе порталот МКД.мк Во делот од емисијата „Што во светот“ се зборуваше за популарните заблуди на Американците. Меѓу нив и таа дека многу голем број Американци веруваат оти стапката на невработеност на САД е многу повисока од реалната, односно дека изнесува 32%. „Стапката на невработеност во САД, всушност е многу поблиска до 6%, се разбира“, појасни водителот, а како единствен пример за земја со толку висока невработеност во светот ја наведе Македонија. Во илустрацијата за нашата земја се прикажуваат снимки и од Солун.
Слично

Поврзани вести