Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швеѓаните имаат најдолг работен век во ЕУ

Швеѓаните имаат најдолг работен век во ЕУ

Во  Европската Унија најдолг работен век во 2020 година имале Шведска (42 години), Холандија (41 година) и Данска (40 години).

Ова се единствените три земји-членки на ЕУ во кои очекуваното траење на работниот век било 40 години или повеќе. Зад нив се Естонија (39,2 години), Германија (39,1 години) и Финска (38,8 години).

Евростат го забележа најкраткиот работен век во Италија (31,2 години), следени од Грција и Хрватска (двете 32,8 години), Белгија (33,4 години) и Бугарија (33,5 години).).

Просечниот работен век за 15-годишниците во Европската унија (ЕУ) во 2020 година бил 35,7 години, за 0,2 години помалку од просекот во 2019 година, покажува истражувањето на Канцеларијата за статистика на ЕУ (Евростат).

Слично

Поврзани вести