Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швеѓаните заинтересирани за македонската кујна, здравствениот и спа туризмот

Швеѓаните заинтересирани за македонската кујна, здравствениот и спа туризмот
Од 21 до 24 март македонските туристички потенцијали се претставуваат на саемот за туризам во Гетеборг, Шведска. На саемот учествуваат македонските инкаминг тур оператори „Mac Sun Travel“ и „Visit Macedonia“, како и туристичките агенции „Simonium“ и „Fibula Travel“ и хотелската асоцијација „ХОТАМ“. „Беа направени состаноци кои ветуваат многу со едни од најголемите и најпознати тур оператори во Шведска како Scandjet, Appolo, Focus Travel и The Travel Collection. Огромниот интерес за македонската кујна е она што ме остави без текст, додека интересот за спа туризмот заедно со здравствениот и ловниот туризам се веднаш зад него“, посочи Никола Костадинов, претставник од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, која беше организатор на претставувањето на земјава во Шведска. Саемот во Гетеборг е 12-то по ред претставување на  туристичка понуда на Македонија во светот.
Слично

Поврзани вести