Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведските туроператори препорачуваат да се патува во Македонија, затоа што…

Шведските туроператори препорачуваат да се патува во Македонија, затоа што…
Балканските земји и нивните туристички капацитети стануваат сè поинтересни за скандинавските туристи. Но, кога станува збор за Македонија, шведските туроператори имаат аргумент повеќе зошто треба да се посети земјава. Според пишувањето на шведскиот весник „Свенска дагбладет“, Македонија е најевтина земја во Европа во однос на хотелските и ресторанските услуги, а на второ и трето место се Албанија и Бугарија. Табелата е направена врз основа на резултатите од испитувањето на паритетот на куповната моќ во ЕУ. Хотелските и ресторанските услуги во Бугарија, Македонија и Албанија се најевтини во Европа – меѓу 55 и 60 отсто пониски од ЕУ-просекот. И железничките, автобуските, бродските и авионските билети во овие три земји се значајно поевтини во споредба со други европски држави. Подолу на табелата, со нешто поскапи услуги, Србија е на шестото, Босна и Херцеговина на осмото, а Црна Гора на десеттото место. Меѓу 20-те најевтини европски земји Хрватска и Словенија го заземаат 18-то и 19-то место, веднаш пред Шпанија, која е на 20-то место. Магдалена Орн, шеф за информирање при еден од најголемите шведски туроператори, „Винг“, вели дека иако Турција и Хрвастка засега добиваат највисоки оценки од скандинавските туристи, „тие што сакаат да добијат максимум за парите што би ги издвоиле за патувања во регионот треба да се упатат кон Бугарија, или кон соседните Македонија и Албанија“.
Слично

Поврзани вести