Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведски камионџии на протест против ослободителна пресуда за Македонец

Шведски камионџии на протест против ослободителна пресуда за Македонец
Повеќе шведски камионџии од денеска започнуваат протест незадоволни од ослободителна пресуда за Македонец кој бил фатен да вози со фалсификувани бугарски документи во Шведска. Во рамките на протестот, што ќе трае до Божиќ, камионџиите од Шведска ќе ги паркираат своите тешки товарни возила на страничната лента од автопатите секој ден по 15 минути. Имено, судот во Сундсвал решил да го ослободи 44-годишниот Македонец, кој во Шведска бил фатен со фалсификуван бугарски пасош и фалсификувана бугарска возачка дозвола. Досега преку 100 лица поднеле жалба на ваквата пресуда, а над 4.000 камионџии се потпишале на петицијата испратена до надлежните институции во која се инсистира на „еднакви услови за шведските транспортни претпријатија“. Шоферите бараат во Шведска да важат истите правила и казни без разлика од која националност е возачот. Освен фалсификуваните бугарски документи, македонскиот возач кај себе имал и македонски пасош со кој влегол во Шведска. Пред истражните органи тој тврдел дека поседува важечка македонска дозвола за управување со тешки товарни возила, но дека ја предал кај надлежниот орган при добивањето на бугарски документи. Тој работел за транспортна фирма регистрирана во јужна Шведска и управувал со камион со шведски таблички. Според поадтоците на шведската полиција, не се работи за изолиран случај, а во септември бил запрен и друг макеоднски возач со фалсификувани бугарски документи.
Слично

Поврзани вести