Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведската банка „Сведбанк“ на патот на „балтичко“ перење пари?

Шведската банка „Сведбанк“ на патот на „балтичко“ перење пари?

Шведските власти го претресоа седиштето на една од најголемите банки во таа земја, „Сведбанк“, во рамки на истрагата за тоа дали таа е поврзана со големиот скандал на перење пари во балтичките земји.

Од шведската Агенција за економски криминал е соопштено дека обвинителот Томас Лангрот спроведува истрага за тоа дали 15 најгоелми акционери на „Сведбанк“ имале информации за поврзаноста на тие банки со перење пари , пред Шведската телевизија да го објави скандалот, пренесе АП.

Телевизијата емитувала дека клиентите на тие банки имале можност да извршат пренос на најмалку 4,3 милијарди долари помеѓу „Сведбанк“ и „Данските банки“ во Естонија.

Естонија и наредила на „Данската банка“ од земјата да ја повлечат експозитурата, бидејќи таа банка признала дека дошло до перење на големи количини пари.

Од „Сведбанк“ потврдиле дека агенцијата за економски криминал го пребарувала седиштето на банката, но дека не се информирани за тоа дали се обвинети за криминал, пренесе Ројтерс.

Под притисок на домашните и странски финансиски служби и официјален Брисел, „Данската банка“ минатата година признала дека нејзината експозитура во Естонија во период од 2007 до 2015 година преку 6200 сомнителни трансакции „испрала“ повеќе од 200 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести