Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведска сака враќање на визите за Македонија

Шведска сака враќање на визите за Македонија
Европската Унија е блиску до воведување визи за државјаните на земјите на Западен Балкан, што особено поддржано од шведската Влада, наведува министерот за миграции Тобиас Билстром. „Причината за тоа е премногу големиот број на неосновани барања за добивање азил, при што во моментот околу 20 отсто од азилантите во Шведска доаѓаат од земји кои имаат визна либерализација“, истакнува Билстром, а како најпроблематочни земји ги посочува се Србија, Македонија, Албанија и Босна.

Во текот на оваа година во Шведска се регистрирани приближно 3.000 баратели на азил од Србија и преку 1.900 од Босна и Херцеговина. Вкупно 98 проценти од сите поднесени барања за азил од балканските земји добиваат негативен одговор. Освен во Шведска, балканските азиланти се упатуваат и кон Германија, Белгија, Холандија и Данска.

„Проблемот е во тоа што станува збор за група азиланти кои немаат основа за барање заштита, а кои притоа ги оптоваруваат ресурсите за други групи со легитимна потреба за заштита, пред се од Сирија“, вели шведскиот министер.
Слично

Поврзани вести