Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведска банка со ботови „освојува“ клиенти

Шведска банка со ботови „освојува“ клиенти

Шведската банка Сведбанк АБ е една од првите банки во светот која започнува вистинска комуникација со клиентитите преку ботови и вештачка интелигенција. 

Корисниците на една од најголемите шведски банки 24/7 имаат можност да бидат во писмена комуникација преку чет пораки со вештачката интелигенција НОВА која одговара на сите поставени прашања исто како да е „вработена“ во банката и овластена да дава соодветни насоки, совети и предлози.

Скандинавските банакари исто така го активираа и чат ботот Нина кој има женски глас кој според повеќе истражувања се покажува дека е најприфатлив за клиентите бидејќи брзо стекнуваат договор. 

По успешната примена на ботовите кои се базираат на вештачка интелигенција, Сведбанк АБ планира да ги активира и во филијалите надвор од Шведска. Севкупната цел на Сведбанк АБ е да ги мотивира корисниците повеќе да ги користат онлајн и мобилните услуги со што може да заштетад пред се време, но и пари.

Слично

Поврзани вести