Швајцарците не сакаат да работат со Албанци
Анкетата, спроведена на барање на Министерството за внатрешни работи на Швајцарија, покажува дека Албанците како заедница не уживаат добар углед меѓу Швајцарците, констатира швајцарскот портал на албански јазик Албинфо.
Во анкетата освен Швајцарци меѓу испитаниците добар процент имало и странци со регулиран престој во Швајцарија.
Само 25 отсто од анкетираните Швајцарци одговориле дека сакаат да работат со Албанци, додека дури 85 отсто се изјасниле позитивно за работење со Италијанци, ијзвиле по завршувањето на анкетата од министерството.
Ролф Алтер претседател на швајцарско-албанското друштво смета дека донекаде Албаниците сами ја сносат вината за нивниот имиџ.
„Најголемиот процент се однесуваат добро, но постојано читаме за криминогено или насилно однесување на Албанците. Но, јас сум оптимист дека сликата за Албаците ќе се подобри“, изјавил Алхтер.
Тој наведува дека швајцарските граѓани се уште не ја познаваат албанската култура, па се надева дека со поблиското запознавање односот кон Албанците ќе се промени.
