Швајцарците ја откриваат најчуваната банкарска тајна
Странците кои имаат сметки во швајцарски банки во иднина ќе имаат повеќе проблеми ако сакаат да ги сокријат парите.
Имено, горниот дом на швајцарскиот парламент одобри автоматска размена на банкарски податоци со други земји.
Новата одредба, која веќе ја одобрил долниот парламент, Швајцарија ја доведе на ниво на стандарди на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и најбогатите земји на светот од групата Г20.
Швајцарија досега даваше информации за можни затајувачи на данок само на изрично барање на други земји, а во иднина таквите информации ќе им ги дава на сите земји со кои има одговарачки билатерални спогодби. Досега ги склопила со Европската унија и Австралија, но оној со ЕУ е потпишан во мај и на сила ќе стапи дури во 2018 година.
„Тоа е уште еден удар за затајувачите на данок, и уште еден голем чекор кон праведното оданочување во Европа“, рекол тогаш комесарот за економија и финансии Пјер Москович.
Податоците за клиенти кои ќе се разменуваат со земјите членки во ЕУ вклучувајќи ги имињата и презимињата, датумите на раѓање, адреса, даночни идентификациони броеви, состојба на сметки и трансакции.
