Швајцарија подготвува банкарски пресврт
Швајцарија подготвува банкарски пресврт. Во планинската европска земја течат подготовките за референдум за откажување од банкарскиот принцип на делумните резерви. На делумните резерви се базира целиот светски финансиска систем.
Принципот се сведува на тоа дека банките се должни да ги чуваат во сефовите само мал дел од депозитите. Сето останато тие можат да ги инвестираат на слободниот пазар или да го подарат во вид на кредити, типичен сооднос меѓу инвестиции и резерви е 10 до 1.
Група швајцарски активисти сакаат да го копираат „Планот на Чикаго“, пишуваат светски медиуми. Во 1933 година тој бил создаден од група американски економисти под раководство на Ирвин Фишер.
Целта на Фишер и неговите колеги била да се утврдат главните причини за Големата депресија и да се потрудат да ги ликвидираат, за да не се повтори потресот. Како еден од клучните виновници за најстрашната економска катастрофа на 20 век бил определен банкарскиот принцип за делумните резерви.
Фишер понудил делумно решение на деликатниот проблем. Односот меѓу банкарските депозити во однос на кредитите и инвестициите да биде законски фиксно на нивото 1 на 1.
Да претпоставиме дека депозитите на една или друга банка се проценуваат на 100 милиони долари. Односно оваа банка може да инвестира и да додели кредити за 100 милиони долари и ниту цент повеќе. Таков едноставен и разбирлив принцип во стотици пати би ја зголемил сигурноста на секое кредитно барање.
Од гледна точка на вселенската правда, планот е идеален, но во круговите на американските банкари тој не се дочекува позитивно. „Планот на Чикаго“ на Фишер беше повторно е ставен на маса за дискусии во рецесијата од 1937 и 1938 година.
Интересот за лек од кризи се обнови во 2012 година, кога двајца економисти од ММФ го објавија истражувањето „Свеж изглед на „Планот на Чикаго“. Беше направен следениот заклучок: во современите услови планот ќе успее уште подобро отколку што Ирвин Фишер го замисли во 30-тите години на минатиот век.
Од „Планот на Чикаго“ и ликвидацијата на принципот на делумните резерви се заинтересира Исланд, кој пред неколку години го „затресе“ својот несигурен финансиски систем. Но во Исланд - за разлика од Швајцарија - до организирање на референдум за конкретни прашања сеуште не дошло.
