Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШВАЈЦАРИЈА: Нафтата поефтина од вода!

ШВАЈЦАРИЈА: Нафтата поефтина од вода!

После падот на цената на нафтата на светските пазари, во Швајцарија се случи цената на еден литар нафта да е пониска од цената на еден литар минерална вода во големите дистрибутивни ланци.

Со оглед на тоа дека еден барел нафта содржи нешто помалку од 159 литри , со цена пониска од 60 долари по барел за „брент“ нафта, произлегува дека цената на литар нафта е нешто поголема од 37 центи, пишува швајцарскиот весник 24 часа.

Во супермаркетите  на најголемите дистрибутивни ланци во Швајцарија, како што се Мигро и Коп (Migros и Coop), цената на минерална вода по литар изнесува околу 60 центи, наведува весникот, и додава дека од нафтата единствено е поефтино пакувањето на минерална вода од 1,5 литри , по цена од 25 центи по литар.

Слично

Поврзани вести