Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарскиот франк со рекорден пад во последните години

Швајцарскиот франк со рекорден пад во последните години

Валутата на неутралната Швајцарија не е имуна на финансиските текови и со зајакнување на еврото стигна до својата најлоша вредност во последните две години, а односот кон доларот исто така е доста влошен.

Швајцарскиот франк во неделата која измината падна во вредноста за 2% што е рекордно лош резултат за 7 дена споредено во последните две години. Во однос на еврото еден швајцарски франк се тргуваше за половина процент помалку или со најлоша вредност од далечната 2008 година.

Во однос на доларот, валутата на Швајцарија, се тргуваше за 0,3% послабо или за 96.77 франци. Финансиските аналитичари од Европа препорачуваат да се следи курсот на швајцарскиот франк со цел да не дојде до поголеми флуктуации, но засега нема загриженост кај Швајцарската централна банка.


Слично

Поврзани вести