Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШВАЈЦАРСКА ИНВЕСТИЦИЈА: Од Бунарџик „Баумер“ ќе извезува сензорска технологија

ШВАЈЦАРСКА ИНВЕСТИЦИЈА: Од Бунарџик „Баумер“ ќе извезува сензорска технологија

Со инвестиција од 4,7 милиони евра швајцарски „Баумер“ од ТИРЗ Бунарџиќ ќр извезува сензорска технологија.

Овој инвеститор денеска ги отвори вратите и за 150 нови работници а покрај производството на напредна сензорска технологија ќе се обучуваат и млади инженери во развојниот истражувачки центар кој е планирано да никне таму.


Оливер Вице како сопственик на групацијата при обраќањето кажа дека компанијата фокусот ќе го стави на  производство и производствен инженеринг, додека во план им се и  тимови за развој на нови производи составени од инженери за хардвер и софтвер како и специјалисти за ИТ

За премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев „Баумер“ е компанија која е синоним за квалитет и висока технологија.

Тие посочуваат дека е добро што се отвораат капацитети со висока технологија за разлика од порано кога во државата имало самотрудоинтензивни капацитет и добро било тоа што наместо млади луѓе ќе извезуваат вакви производи. 

„Баумер“ работи во 20 држави.

Слично

Поврзани вести