Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

За царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за многу земји со реакција се јави и Швајцарија.  Претседателката на Швајцарија, Карин Келер-Сутер денеска предупреди дека воведувањето американски царини за Швајцарија од 31 отсто е „аларм“. Швајцарија засега не планира никакви одмазднички мерки, „вратата не е затворена за ниту една опција во оваа фаза“. 

Таа додаде дека треба да ги решат работите на преговарачката маса.

„Швајцарија има многу да понуди“, изјави Келер-Сатер. 
Таа додаде дека земјата е „важен економски партнер“ и дека швајцарските компании се меѓу водечките странски инвеститори во САД. Рече дека Швајцарија „ќе покаже додадена вредност, која не е само економска“.

Келер-Сутер објасни дека во преговорите со Вашингтон нема намера да се „откаже“ од заштитата на земјоделството и отфрлањето на генетски модифицираните организми во Швајцарија, што е една од критиките на американскиот претседател Доналд Трамп.

И во САД има поделени мислења на темата за царините. 

Слично

Поврзани вести