ШВАЈЦАРИЈА: Пад на економијата каков немало повеќе од 40 години
Економијата во Швајцарија годинава има најголем пад од 1975 година поради пандемијата на коронавирусот, односно тој изнесува 6.2 отсто.
Околу 1,9 милиони луѓе или 37 проценти од работната сила се пријавиле за државна помош.
Пандемијата ги погоди производството и работните места, соопшти швајцарската Влада.
Швајцарската влада очекува закрепнување во текот на втората половина од годината, ако не се случи масовен втор бран на заразата.За 2021 година се предвидува економски раст од 4,9 проценти, иако невработеноста ќе остане висока на 4,1 процент.
Швајцарија важи за една од најбогатите земји во светот.
Таа е најбезбедна земја во светот за КОВИД-19, објави Форбс на почетокот на месецот.
Слично
