Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарија оваа зима може да остане без струја

Швајцарија оваа зима може да остане без струја

Швајцарија стравува дека ќе биде погодена од енергетска криза. Властите испратија писмо до адресите на 30.000 компании со информации дека, во случај на прекин на електричната енергија, може да дојде до ограничувања во снабдувањето. Компаниите кои трошат повеќе од 100.000 киловат-часови годишно, ќе бидат замолени да ја намалат потрошувачката за 10 до 30 проценти во случај на недостиг. 

Државата се плаши од прекин на електричната енергија, а Швајцарската комисија за електрична енергија (ЕЛКОМ) претходно предупреди на опасност од „затемнување“.

Од потрошувачите кои не се приоритет, властите прво ќе побараат да штедат, со цел да обезбедат електрична енергија за индустријата.

Се очекува дека Швајцарија оваа зима би можела да остане без струја два дена. 

Многу земји во светот се подготвуваат за ова сценарио. Во Индија веќе се чувствува енергетската криза. 

Привремено укинување на ДДВ-то на струјата и гасот има во Данска, замрзнување на цени на прехранбени производи и на горивата во Хрватска, штедење на струја преку рестрикции во некои фабрики во Кина, а Германија  размислува директно да го субвенционира греењето за сиромашните. Чешка веќе одлучи да го укине ДДВ-то за струја и гас за наредните два месеци. 

Слично

Поврзани вести