Шутка среде Германија – ромска работа или македонска срамота?!
47-годишната Селма од скопската населба Шуто Оризари, самохрана мајка на две деца, во виорот на балканските војни во деведесеттите години заминала во Германија како бегалец, а во 1995 година повторно била депортирана назад во Македонија. Во репортажата насловена „Никаде посакувана: Македонија“ на јавното германско радио WDR5 , Селма раскажува за сиромаштијата, дискриминацијата и безизлезот, но истовремено признава и своевиден криминал.
„И’ недостигаат сила и пари за уште еднаш да се обиде да најде околу 200 евра, сума што ја бараат криумчарските банди, за да ги избегне засилените гранични контроли кон соседна Србија и за да отиде во Германија, Белгија или Швајцарија.“ – известува германското радио.
Криминалот започнат во Македонија не застанува на српската граница. И тој емигрира во Германија во облик на, како што го нарекуваат германските власти, „криминален туризам“.
Ако нема работа, ќе има криминал
Но, што е со оние азиланти кои некако се „снаоѓаат“ и остануваат во Германија? Во текот на изминатите неколку години десетици илјади Роми од југоисточна Европа се имаат отселено во Германија. Бидејќи престојуваат нелегално во земјата, секако дека не можат да работат легално, па затоа посегнуваат кон недозволени активности.
Како што пишува германскиот политички магазин „Шпигел“, полицијата во градот Дуизбург веќе подолго време мака мачи со овие емигранти: „Дуизбуршката полиција познава една зграда во улицата Шарлоте, каде што оперираат цели банди на деца, коишто секојдневно се праќаат да ограбуваат. Според Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, значително е зголемен и бројот на провали во станови и грабежи на банкомати, што се должи на бандите од југоисточна Европа“.
Покраинскиот министер за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Ралф Јегер, за Шпигел изјави: „Ова го сфаќаме многу сериозно, но би се лажеле ако кажеме дека овој проблем може да го реши само полицијата“.
Од полициските записници се дознава како постапуваат „криминалните туристи“. „Најчесто семејни кланови или поголеми групи и банди оперираат организирано, не само во покраината Северна Рајна Вестфалија, туку во цела Германија. Главно се работи за криминални деликти како што се крадење на чанти, паричници и кражби по продавници. Исто така овие банди вршат и деликти на измама, односно симулираат дека се глувонеми или инвалиди за да собираат пари. Но, всушност во моментот кога некој сака да им даде пари, тогаш му го крадат целиот паричник или пак мобилниот телефон. Според германската полиција, шефовите на клановите за ваквите измами користат најчесто млади девојчиња.“- пишува Шпигел.
Се’ почесто се забележува и зголемена напнатост меѓу богатото локално население и сиромашните емигранти во Дуизбург. Се зголемува бројот на иницијативи за собирање потписи на тамошните жители против новите доселеници, затоа што „не можат повеќе да ги издржат нивното ѓубре и галамата“. Локалната полиција известува дури и за физичко насилство. „Ромите се жалат дека не сакаат да ги услужат во турските продавници, а нивните деца се мета на физички напади, доколку ние не интервенираме“ – резимира еден дуизбуршки полицаец за „Шпигел“.
Азилантската сиромаштијата ја вознемири и богатата Швајцарија
„Доаѓаат Ромите: Пљачкашки походи во Швајцарија“ – со вакова насловна неодамна осамна и швајцарски „Велтвохе“. Сликата беше надополнета со поднаслов: „Семејни криминални бизниси“, алудирајќи на зголемување на стапката на криминал поради ромските банди во Швајцарија. Иако текстот беше изложен на голема критика поради објавувањето на ромско дете со пиштол во раце кое нишани во камерата, сепак останаа неоспорени фактите наведени од авторот.
Поради генерализирањето и поистоветувањето на Ромите со криминалот, ромските здруженија реагираа и ваквите написи ги оценија како „расистички стереотипи во стилот на национал-социјалистичките описи на малцинствата“. Одговорот на „Велтвохе“ беше дека преку фотографијата весникот сакал да укаже на „праксата на ромските банди“, коишто „честопати злоупотребуваат деца за нивните криминални цели“, што се потврдило од полициските извештаи од повеќе швајцарски кантони.
Или Македонија ќе воведе визи за криминалот или Европа ќе ги врати визите за Македонците
Кои се методите за сузбивање на „криминалниот туризам“ за коишто размислуваат „нападнатите земји“? „Визната либерализација за Македонија и Србија мора да се укине“ – уште на крајот на минатата година јавно побара министерот за внатрешни работи на покраината Баварија, Јоахим Херман.
„Премногу луѓе ја користат визната либерализација за барање азил во Германија, без притоа да бидат прогонувани“ – додаде Херман за германските медиуми. Неговите барања ги поддржа и официјален Берлин, преку сојузниот министер за внатрешни работи, Ханс-Петер Фридрих.
Министрите јавно говореа за зголемување на стапките на криминал и барателите на азил од источна Европа ги нарекоа „криминални туристи“. Сместувачките капацитети за баратели на азил во покраината Северна Рајна Вестфалија се преполни, особено по напливот на азиланти од Македонија и Србија. Во меѓувреме Германија ја намали социјалната помош што е главен мотив за барање азил. По ова, опадна и атрактивноста на азилот како квази „мерка за борба против сиромаштијата“ во Македонија.
Но, дали Селма повторно ќе ја види Германија доколку бргу собере 200 евра, или нејзиното наивно сведочење за криминалот побргу ќе и’ ја спушти границата, зависи од Македонија. Коцките се фрлени...
С.Х.

Слично