Шуштершич:Проблемите не настанаа со преземањето на еврото
Словенечкиот министер за финансии Јанез Шуштершич тврди дека проблемите на Словенија не настанеле со преземањето на еврото, туку дека се предизвикани со структурни потешкотии во државата и очекува дека на земјата наредната година нема да и треба финансиска помош на ЕУ.
Министерот не бега од фактот дека финансиската криза силно ја погодила Словенија, но причините ги гледа главно во неконкурентноста и слабата државна структура на некогашната југословенска република, на која „и пошло од рака“ прва да стана членка на ЕУ.
- Словенија не жали што е во еврозоната. Напротив, земјите надвор од зоната на почетокот на светската финансиска криза потешко беа погодени поради силната монетарна криза на што укажуваат примерите на Унгарија и Исланд, оцени словенечкиот министер за финансии.
Слично
