Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шуштершич: Словенија треба да се ослободи од НЛБ банка

Шуштершич: Словенија треба да се ослободи од НЛБ банка

Словенија треба да го продаде целокупниот удел во  „Нова љубљанска банка“ (НЛБ), изјави денеска словенечкиот министер за финансии Јанез Шуштершич, а пренесува Танјуг.

Како што истакна Министерот, стратегијата за задржување 25 проценти од акциите плус една, од најголемата словенечка банка се покажала како пречка во наоѓањето купувач, па затоа, уверува тој, Владата мора да побара од парламентот да овозможи целосна приватизација на банката, во која државата сега поседува 59 проценти од акциите. Инаку минатиот месец, парламентот го усвои законот за создавање на т.н лоша банка која ќе треба да ги преземе сите големи ризични кредити во сопственост на државните банки.
Слично

Поврзани вести