Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шумахер се разбуди од кома

Шумахер се разбуди од кома

Шампионот на Формула еден, германeцот Михаел Шумахер не е повеќе во кома и ја напуштил болницата во Гренобл, каде беше примен на 29 декември после тешката несреќа на скијање.

„Шумахер ја напушти болницата и ќе продолжи долга фаза на опоравување“, изјави неговата портпаролка Сабина Кем, која не кажа какво му е моменталното здравје.

Таа ја замоли јавноста да ја почитува неговата долга фаза на рехабилитација, која ќе биде исклучиво од приватен карактер.

„Шумахер денес е примен во болница во Лозана“, рече портпаролот на швајцарската болница Дарси Кристен.

Шумахер (45) е примен на одделението на интензивна нега на неврохирургија.

Слично

Поврзани вести