Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шулц: Турција треба да ги исполни условите за укинување на визите

Шулц: Турција треба да ги исполни условите за укинување на визите

Турција треба да започне што е можно поскоро да ги исполнува условите на Европската унија, инаку укинувањето на визите може да се стави под прашање.

Ова го изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во интервју за весникот „Welt am Sonntag“.

„Турција се уште не исполнила важни услови за укинување на визите. Ние очекуваме дека Анкара ќе направи промени во законите за заштита на личните податоци и за спречувањето на тероризмот. Дебатите во турскиот парламент за промените во овие закони треба да започнат веднаш“, рече тој.

Ако тоа не се случи, не гледам како би можело од октомври да се укинат визите за турските граѓани, додаде тој.

Слично

Поврзани вести