Шулц: Грција е пред хуманитарна криза
Кога се има предвид социјалната состојба во Грција, Европската унија треба "уште во понеделник или вторник" да го разгледа прашањето за хуманитарна помош на Грција, објави во неделата вечерта во пренесување на телевизија А Ер Де (ARD) претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
"Ситуацијата на грчкиот народ ќе се влошува со секој изминат ден", смета тој.
"Во врска со ова, според мене, треба да се разговара за програма за хуманитарна помош за Грција", истакнал претседателот на Европскиот парламент.
"Обичните граѓани, пензионери, болните и децата во градинките не би требало да ја плаќаат цената за оваа драматична ситуација во која владата ја вовлече државата. Веднаш е неопходна хуманитарна програма", категоричен е Шулц.
Слично
