На повидок договор ЕУ-Грција можно уште оваа недела
Мартин Шулц претседателот на Европскиот парламент смета дека договорот меѓу земјите од еврозоната и Грција за доделување на помош на Атина може да биде постигнат до крајот на оваа недела.
„Според мене до крајот на неделава ќе постигнеме нов договор кој ќе биде доволен за деблокирање на најитната финансиска помош која на Атина очајно и е потребна“, вели Шулц во интервју за италијанскиот весник „Република“.
„Потоа нема да има потреба од три месеци до следната помош, предвидена за јуни, за да имаме сериозен, детален и финален план, врз основа на кој ќе може да се даде старт на конструктивна и мирна програма за инвестиции“, прецизира претседателот на Европарламентот.
Слично
