Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шулц изрази поддршка на нова помош за Грција

Шулц изрази поддршка на нова помош за Грција
Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц,  искажа поддршка за дополнителна финансиска помош за Грција , ако земјата го постигне примарниот буџетски суфицит , пренесе " Франс прес " . " Ако има примарен буџетски суфицит , веднаш треба да има дискусија ... за да се стабилизира обновата на економијата“ , изјави Шулц на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Андонис Самарас. Според него, оваа дискусија треба да се одржи на пролет , откако Евростат ги објави макроекономските податоци за 2013 година, според кои се очекува мал буџетски суфицит на Грција за оваа година од 0,4 % од бруто домашниот производ , или 812 милиони евра. "По шест години рецесија Грција ќе постигне примарен суфицит каков земјата немала со децении " , рече Самарас. Во ноември минатата година земјите од еврозоната се согласија дека новиот отпис на огромниот грчки долг ќе биде можен ако земјата ги исполни условите во спасувачката програма и постигне примарен суфицит . "Треба да ги одржуваме нашите ветувања " , истакна Шулц . Шулц сепак, предупреди дека може да има доцнење во дискусиите за грчкиот долг поради изборите за Европскиот парламент во мај 2014 година
Слично

Поврзани вести