Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шуклева: МЕПСО ќе ги намали трошоците, баравме поскапување на тарифата за 70 отсто

Шуклева: МЕПСО ќе ги намали трошоците, баравме поскапување на тарифата за 70 отсто

Македонски електропреносен систем оператор побарал при поскапувањето на електричната енергија од Регулаторната комисија за енергетика зголемување на тарифата за 70 отсто, но добил само 11, рече денеска Ева Шуклева, директорката на МЕПСО на заедничката прес-конференција со Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски.

Шуклева рече дека тоа што го побарал операторот со електропреносната мрежа би значело во просек зголемување на сметките за струја за 23 денари и дека поскапувањето на електричната енергија за 7,4 проценти нема да ја намали потрошувачката генерално.

- Ние прикажуваме реални трошоци. Ако сакаме инвестиции, цената треба да биде реална, инаку не можеме да правиме инвестиции. Купуваме светска опрема, ние немаме наши прпизводи па нив да ги купуваме како поевтини. Најголем дел е од СИМЕНС, АБВ, Кончар, Ценерал Електрик. Цената за купувањето е иста како на пример во Германија, рече Шуклева, одговарајќи на новинарско прашање.

Директорката вели дека тоа се реално претставени трошоци за да може компанијата да ја пренесува енергијата и најави дека ќе ги намали трошоците согласно намалените приходи од пренос на струјата.

- Струјата не треба да биде социјална категорија. И мене ми е поскапена струјата, тоа на сите влијае,. но компанијата мора да продолжи да работи. Нашите приходи од преносната тарифа, со помалата потрошувачка на енергија се намалуваат. Помали се  од 10 до 12 отсто во однос на ланскиот период, вели директорката.

Таа додаде дека преносната мрежа е цело време одржувана, а инвестиционата програма допрва ќе се прави. Има и кредити кои треба да се враќаат, но нема да се прават нови задолжувања.

- Со стара опрема, плаќаме пенали ако не испорачаме струја навреме. Знаевме дека поскапувањето е непопуларна мерка, нашиот дел кој го побаравме во некоја просечна сметка ќе влијаеше за поскапување од 23 денари. Ова поскапување сепак нема да ја намали потрошувачката на електрична енергија, рече првиот човек на МЕПСО.

Слично

Поврзани вести