ШУГА ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО КРГУЈЕВАЦ: Ја донел пациент и заразил вработени
Во Клиничкиот
центар во Крагуевац се појави шуга, по што, како што велатсе преземени сите
пропишани мерки за спречување на ширење на инфекцијата.
- Здравствените работници при извршувањето на работните активности често се изложени на разни заразни и други болести, бидејќи се во постојан близок контакт со пациентите. Со пропаѓањето на здравствената култура и хигиената на населението се појавуваат болести за кои мислевме дека се искоренети, како што е шугата. Оваа заразна болест го изгубила своето поголемо епидемиолошко значење, па според актуелниот Закон за заштита на населението од заразни болести, повеќе не се пријавува во надлежните институции, туку се врши лекување на болните, кои заедно со терапија, се отстранети од работа до крајот на лекувањето, а сите останати социјални и други контакти, должни се да преземат мерки за да се спречи натамошното ширење на болеста - изјавија за Телеграф.рс во Универзитетската болница во Крагуевац.
Оттаму додаваат дека веднаш по сомнежите за можност за зараза, преземени се сите пропишани мерки за спречување на ширење на инфекцијата, како и процедури за лекување на веќе заразените.
Танјуг јавува дека инфекцијата на Одделот за коронарната единица на Клиниката за интерна медицина ја донел пациент. Во моментов неколку вработени техничари се на боледување, а останатите работат со превентивни мерки.
