Штрудлите на „Житопрерада“ повлечени и во Македонија
Агенцијата за храна и ветеринарство превентивно нареди да се повлечат сите количества од штрудлите со смоква на српскиот производител „Житопрерада“ од Бечеј, а на увозникот „Оз-Ту компани“ од Скопје му забрани да ги продава залихите кои ги има во магацините.
Контролите на мостри што ги изврши македонската Агенција за храна не покажале зголемено присуство на отровот охратоксин А во пратките од овој производ кои стигнале во Македонија, но сепак од претпазливост сите количества се повлечени додека од српското Министерство за земјоделство не се добијат повеќе информации за бројот на контаминираната серија.
Од Агенцијата најавуваат дека до крајот на денот ќе излезат и со подетални информации за увезените и повлечените количества штрудла со смоква на производителот „Житопрерада“ во Македонија.
Слично
