Штрос Кан денеска во Белград ќе се сретне со Вучиќ
Поранешниот прв човек на Меѓународниот монетарен фонд, скандалозниот Доминик Штрос Кан, денеска ќе го посети Белград, информираат српските медиуми.
Неговата посета се должи на прифатената понуда од српска страна, да му биде советник на вицепремиерот Александар Вучиќ.
Cпоред предвидената агенда, Штрос Кан ќе има прес-конференција во зградата на Владата. Тој ќе ги советува и премиерот Ивица Дачиќ, но и министерот за финансии, Лазар Крстиќ.
Слично
