Штрајкувачите во судовите ќе добијат само 60 проценти од платата
Судските административци кои штрајкуваа со барање за надоместоци на плата поголеми за 35%, сега ќе добијат помала плата за 40%.
Тие наместо со поединечни решенија се казнуваат со колективна одлука, а УПОЗ ваквата одлука ја смета за заплашување.
На штрајкувачите со колективни одлуки им се кратат платите за 40% поради учество во штрајк, наместо со поединечни решенија на кои ќе имаат право на жалба, што е противуставно и незаконски, сметаат од УПОЗ. Оттаму велат дека Судскиот буџетски совет испратил нов допис до претседателите на судовите, задолжувајќи ги да им исплатат плата од 60% за месец јуни на сите учесници во штрајкот.
Штрајкот почна на 18 мај годинава, при што имаше и протести пред Министерството за правда.
Слично
