Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкувачите од „Ремонт на пруги“, спречени да ја блокираат пругата

Штрајкувачите од „Ремонт на пруги“, спречени да ја блокираат пругата
Полицијата ги спречи работниците од Ремонт на пруги да го блокираат меѓународниот воз кој се обраќа на линијата Скопје-Белград, како дел од протестот со кој си ги бараат заостанатите плати.  Образложението на властите е дека според меѓународните конвенции не е дозволено да се блокираат меѓународните возови и транспорт. Работниците по еден час протести пред Дирекцијата на „МЖ - инфраструктура“, заминаа од Транспортниот центар. Како што изјави претседателот на Синдикатот, Борче Ѓошевски, сега ќе ја чекаат одлуката на Економско – социјалниот совет , а  ако и потоа не бидат реализирани нивните барања, пред се исплата на заостанатите 14 плати, ќе  го продолжат штрајкот. Штрајкувачите чекаат и одговор од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски за нивното барање да постават шатори пред Владата и да започнат штрајк со глад.
Слично

Поврзани вести