Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкуваат грчките новинари во најава за утрешниот генерален штрајк

Штрајкуваат грчките новинари во најава за утрешниот генерален штрајк
Во знак на утрешниот генерален штрајк во Грција организиран од двата најголеми синдикати, новинарите во грчките приватни и државни медиуми денеска организираат 24-часовен штрајк. Како што пренесуваат медиумите, за да можат да известуваат за генералниот штрајк, тие нема да работат еден ден порано.Утре нема да биде издаден ниту еден дневн весник.

Портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу го осуди штрајкот на новинарите и истакна дека „синдикалните лидери на медиумите им се покорија на вообичаените партиски интереси“ и оти „Сириза планира да создаде информативен мрак за време на посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд на Атина“.

Кедикоглу ги обвини лидерите на новинарските синдикати дека „уште еднаш докажале дека не само што воопшто не се грижат за вистинските проблеми на новинарите, туку и му нанесуваат штета на имиџот на Грција во странство, во име на партиски интереси“

Слично

Поврзани вести