Економија, финансии, бизнис

Контакт

Штрајкови, гребаници и борба за гол живот: дали ни треба вакво високо образование?

Штрајкови, гребаници и борба за гол живот: дали ни треба вакво високо образование?
Она што многумина го очекуваа се случи. УГД Штип не ги почитуваше наодите на Државниот просветен инспекторат и не ги изгласа во повисоко звање тројцата професори штрајкувачи, иако тие, барем според рецензиите ги исполнуваат сите услови за нивен реизбор. Истото го констатираше и ДПИ. Наместо тоа на седница преполна со инциденти и провокации, еден од професорите заврши в болница, деканот го снема па пријавил дека има „сериозна гребаница“ на левата рака, ректорот очекувано воопшто не се појави, а се чини најголем губитник во целата работа се реформите на македонското образование, особено високото. Ако после неколку законски измени кои требаше да овозможат посилно образование, денес исфрлате тројца доктори на науки на улица, прескокнувате закони, и сето тоа пред очите на збунетите студенти, се поставува прашањето, што ќе ни се вакви универзитетити. За да можат професорите едни на други „да си копаат очи“, или за да овозможиме подобро школство? Каде е министерот да се јави, затоа што неговите институции се прескокнати? Каде е СОНК да праша за што станува збор, зашто нивни членови завршија во болница со сериозни индикации дека се работи за срцев удар. Еден човек по 21 денови штрајк со глад не издржа, и цела среќа е што се уште е жив. Каде е ректорот да праша што се случува со неговите професори? Да се запраша како утре без тројца професори кои и според оценките на студентите беа меѓу најквалитетните на економскиот факултет? Каде се останатите колеги, професорите, академската заедница, еден од интелектуалните столбови на општеството да прашааат што се случува. Или сите заедно пикнати во проектите и благодетите на функцијата мижат на двете очи, надевајќи се дека реалноста на образовните реформи никогаш нема да стаса до нив?
Слично

Поврзани вести