Штрајкот во железница ставен во мирување – Владата ги повика синдикалците
По вчерашната најава за отпочнување на штрајк со глад во Македонски железници „Транспорт“ состојбата доби спротивна насока откако Владата упати повик за средба со дел од независните синдикати на машиновозачите на која треба да разговараат за новонастанатата ситуација.
Проблемот на компанијата доби нова димензија и сега тој ќе се решава на маса со владините претставници.
Вработените во државната фирма обвинуваа за секојдневен мобинг, притисоци врз нив од страна на раководството на компанијата, кои беа експресно демантирани од страна на директорот Оливер Дерковски.
Синдикалниот лидер на независниот синдикат на машиновозачите на Македонија, Латко Јовановски, вчера најави дека ќе отпочне штрајк со глад во просториите на железницата.
Јовановски за Фактор рече дека причината поради која штрајкува со глад е оти смета дека раководството во железницата врз него врши мобинг, а чашата била прелеана, како што вели кога без да биде известен, бил тргнат од распоредот за работа, и потоа ставен на работа во ден кога требало да биде слободен. Но, колегите го известиле дека има промена на распоредот, по што не се случило доцнење на возот кој Јовановски требало да го управува.
Слично
